15 Мај, 2024
0.0264

Мозочен удар: Кои се симптомите и како да си помогнете сами?

Објавено во: Стил 29 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Најголем проблем кај мозочниот удар е кога е за првпат, во повеќето случаи е лесен, и ниту човекот ниту неговите блиски не можат да го препознаат и често погрешно ги толкуваат симптомите. Но вториот мозочен удар, ако има таков, може да биде смртоносен.

Невролозите велат дека човекот може да се поврати целосно од мозочниот удар, ако му се пружи специјализирана медицинска помош во првите 3 часа!

Обрнете внимание на овој текст за првите симптоми за мозочен удар, може да спасите човечки живот, а тоа вреди.

Тоа се четири чекори, според невролозите кои покажуваат дека е можно да станува збор за мозочен удар.

1. Натерајте го човекот да се насмее - нема да може.

2. Натерајте го човекот да каже една едноставна реченица (на пр. „Денес е дождлив ден“) - ќе има тешкотии да ја изговори оваа фраза.

3. Натерајте го човекот да ги крене двете раце. Или воопшто нема да може, или делумно ќе ги крене.

4. Натерајте го човекот да го покаже јазикот. Ако јазикот е превртен, ако се насочува на една или друга страна, тоа е знак за мозочен удар.

Ако кај извршувањето на овие барања, човекот има тешкотии, веднаш јавете се на Брза помош и опишете му ги симптомите на лекарот.