09 Октомври, 2024
0.0255

MТЕЛ нов горд спонзор на РК Вардар 1961

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Телекомуникацискиот оператор МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата, со почетокот на новата сезона стана еден од главните спонзори на ракометниот клуб Вардар 1961.

„Огромно е задоволството да се вброиме меѓу компаниите кои се поддршка на РК Вардар 1961, двократниот европски ракометен шампион кој од своето постоење е причина за радост и гордост на сите љубители на спортот. Уверени сме дека преку Договорот за спонзорство даваме нова енергија во клубот која ќе биде основа за нови успеси на тимот како во домашните натпреварувања, така и на европската ракометна сцена“, вели генералниот директор на МТЕЛ, Марко Лопичиќ.

Од клубот изразија благодарност и задоволство за поддршката од МТЕЛ.

„Чест ни е да го имаме брендот на МТЕЛ на дресот на РК Вардар 1961. Среќни сме што компанијата во нас препозна партнер со кој што споделуваат иста визија за клубот, ракометот и спортот воопшто. Верувам дека заедно ќе градиме успешна приказна во која што клубот ќе биде причина за нови радости на навивачите и сите љубители на спортот“, вели Михајло Михајловски, Претседателот на РК Вардар 1961.

Со поддршката за РК Вардар 1961, МТЕЛ уште еднаш ја потврдува својата посветеност на развојот на локалниот спорт и подобрување на условите во кои што се натпреваруваат спортските клубови, но и се градат младите таленти создавајќи позитивни примери за младите генерации.

Инаку, МТЕЛ во овој момент е генерален спонзор и на кошаркарските клубови Работнички и МЗТ Скопје, на Првата машка лига во кошарка кој се преименува во МТЕЛ Прва машка лига, како и Македонската теквондо федерација.

Со овие договори МТЕЛ ја потврди својата улога како врвен партнер на македонскиот спорт, улога која компанијата и во иднина ќе продолжи да ја негува и засилува. 

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ЗЕГИН ОРГАНИЗИРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ И АДХД

ЗЕГИН ОРГАНИЗИРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ И АДХД

Светот на Колорес на доделување Оскари во бизнис светот

Светот на Колорес на доделување Оскари во бизнис светот

Ново шопинг-искуство со „Литература.мк“ – мобилна апликација и 3Д-водич во книжарниците

Ново шопинг-искуство со „Литература.мк“ – мобилна апликација и 3Д-водич во книжарниците

Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4 отсто

Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4 отсто

Ексклузивна Работилница на KARIERA.mk: Откријте ги HR практиките на Mercedes-Benz во Скопје!

Ексклузивна Работилница на KARIERA.mk: Откријте ги HR практиките на Mercedes-Benz во Скопје!

Балкан Економик Форум годинава ќе се одржи во Загреб

Балкан Економик Форум годинава ќе се одржи во Загреб

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Халкбанк инвестира во иднината преку поддршка на иновации и претприемништво

Халкбанк инвестира во иднината преку поддршка на иновации и претприемништво