09 Октомври, 2024
0.0262

ЗЕГИН ОРГАНИЗИРА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПОСВЕТЕНА НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ И АДХД

Објавено во: Мои пари 09 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Големата Кампања за лицата со аутизам и АДХД која Зегин оваа година ја започна со хуманитарната трка “Зегин Спектратон”,како што беше најавено, продолжува понатаму во втората фаза од својата реализација.

По успешно организираната трка во која се собраа 15.000 евраод котизациите, а Фондацијата Др. Верица Механџиска дополнително донираше 50.000 евра, започна реконструкцијата на првиот регионален дневен центар - социјален клуб за лицата- адолесценти со аутистичен спектар на здружението Во мојот Свет.Лицата со аутизам се соочуваат со препреки и дискриминација во сите сегменти во општеството- во здравствениот и социјалниот систем, во образовниот систем, при вработување и тн. Од клучно значење е лицата со аутизам, како и нивните семејства и негуватели да имаат непречен пристап до приспособени информации, насоки и поддршка за надминување на тие препреки и да добијат можности за истражување на интересите на овие лица, непречен развој на нивните вештини и создавање на пријателства за исполнет живот.

Во втората фаза од оваа кампања e најавена меѓународна конференција посветена на лицата со аутизам која ќе се одржи во Скопје на 13,14 и 15 Ноември 2024 година, а на која ќе присуствуваат еминентни имиња на експерти од оваа област во светски рамки (САД, Шпанија, Русија, Финска, Србија, Хрватска, Швајцарија, Велика Британија, Турција, Косово) како и наши стручни имиња.

Целта на оваа голема кампања е широка:

-  Подигнување на свесноста меѓу населението за лицата со аутизам

-  Менување на свесноста на целната публика да почне да размислува за присуството на лицата со аутизам и нивна инклузија во сите општевствени сфери

-  Подобрување на условите за достоинствен живот и непречено функционирање на лицата со аутизам

-  Едукација за правилна суплементација на лицата со аутизам за полесно справување со нивната состојба

Компанијата Зегин е една од најголемите и најпознати општествено одговорни компаниикоја постојано прави големи промени за подобро и посреќно општество, а истовремено ги поттикнува и останатите компании и поединци за општествена одговорност и стремеж кон креирање на поширока слика на хумано општество.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

MТЕЛ нов горд спонзор на РК Вардар 1961

MТЕЛ нов горд спонзор на РК Вардар 1961

Светот на Колорес на доделување Оскари во бизнис светот

Светот на Колорес на доделување Оскари во бизнис светот

Ново шопинг-искуство со „Литература.мк“ – мобилна апликација и 3Д-водич во книжарниците

Ново шопинг-искуство со „Литература.мк“ – мобилна апликација и 3Д-водич во книжарниците

Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4 отсто

Во месецот на штедење, Халкбанк го нуди ПРОМО депозитот со атрактивна камата од 4 отсто

Ексклузивна Работилница на KARIERA.mk: Откријте ги HR практиките на Mercedes-Benz во Скопје!

Ексклузивна Работилница на KARIERA.mk: Откријте ги HR практиките на Mercedes-Benz во Скопје!

Балкан Економик Форум годинава ќе се одржи во Загреб

Балкан Економик Форум годинава ќе се одржи во Загреб

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPHI

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Свесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени

Халкбанк инвестира во иднината преку поддршка на иновации и претприемништво

Халкбанк инвестира во иднината преку поддршка на иновации и претприемништво