18 Мај, 2024
0.0280

Му тргна ли на „Факом“?

Објавено во: Економија 27 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

„Факом“ за пола година има подобар резултат отколку за цела 2016 година која е најдобра за оваа компанија од 2015 година до сега. Компанијата ја зголемила продажбата дома и во странство, а особено добра вест за нашата економија е што на домашен пазар приходот од продажба на „Факом“ пораснал за 75 отсто!

Најпозната македонска компанија за челични конструкции „Факом“ за првата половина од годинава оствари приходи од продажба во износ од 13,84 милиони евра и тоа е раст од 41 отсто во споредба со истиот период лани односно 4 милиони евра. „Факом“ ја зголемил продажбата дома и во странство, но големите пари компанијата ги прави од извоз. За првите 6 месеци годинава тие надминале 10,35 милиони евра и пораснале за 33 отсто во споредба со лани.

Радува фактот што „Факом“ во првото полугодие годинава и на домашниот пазар направил значајно зголемување на приходите од продажба. Тие достигнаа 3,45 милиони евра и во споредба со лани пораснале за 1,5 милиони евра. И тоа е конечно добра вест од македонската економија.

Оперативните расходи на компанијата пораснале за 37 отсто во однос на лани и тие изнесуваат 13,3 милиони евра. Од структурата на расходи се гледа дека „Факом“ знајачно го зголемил обемот на работа и тоа особено кај ставките трошоци за суровини и други материјали и кај трошоците за вработени кои се најпрецизни индикатори. Трошоците за суровини и материјали пораснале за 61 отсто до износ од речиси 9 милиони евра, а трошокот за вработени надмина 3 милиони евра за половина година растејќи за 5 отсто.

Оперативната добивка на „Факом“ за првото полугодие е поголема за 7,7 пати во однос на истиот период лани.Добивката од оперативно работење надминува половина милион евра, а истиот период лани била околу 67.500 евра. По одбивањето на финансиските расходи кои годинава се за 27 отсто пониски од лани нето добивката е речиси 500.000 евра. Само за споредба во периодот од 2015 година до сега најдобра година на „Факом“ била 2016 година кога добивката е 300.000 евра. Сега за половина година нето профитот е 500.000 евра.

„Факом“ ги намалил обврските за 3 милиони евра!

Во првата половина годинава „Факом“ вратил околу 2,85 милиони евра. Од тоа 1,24 на своите добавувачи и за намалување на останатите обврски, а останатите краткорочни обврски се намалени за над 1,6 милиони евра. Истовремено со тоа краткорочното задолжување со кредити е зголемено за околу 600.000 евра. Обврските на компанијата на крај на јуни изнесувале 7,6 милиони евра и се помали за 26 отсто во споредба со лани. 

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа