Добивај вести на Viber
За околу две до три недели недели, свечено ќе биде отворен Музејот на автобуси кој неодамна го најави директорот на ЈСП, Мишо Николов.
Во Музејот ќе бидат изложени седум автобуси, стари марки кои превезувале патници во различни периоди, почнувајќи од основањето на претпријатието. Автобусите се од марките Лејланд- најстарото возило, Санос, Раба, Ман, Икарус.
Просторот на Музејот ќе биде ограден со стакла од автобуси, а бројот на автобуси во него со текот на времето ќе се зголемува.
Граѓаните ќе може бесплатно да го посетат Музејот на автобуси со претходна најава.