Музичко-балетскиот центар „Илија Николовски – Луј“ се реконструира
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2013
Реконструкција и адаптација на просторот во Државниот музичко – балетски училиштен центар „Илија Николовски – Луј“, започна министерството за образование и наука.
Ќе се реконструира простор од 500 метри квадратни за период од три месеци со кој ќе се добијат девет звучно изолирани кабинети за индивидуална настава, како и две училници за теоретска настава. Вредноста на инвестицијата е 5.415.612,00 денари.
Со реконструкцијата и адаптацијата на просторот, според ресорното Министерство, ќе се реши долгогодишниот проблем на учениците и наставниците во поглед на изведувањето на наставата.
Во Музичко-балетскиот училишен центар настава следат околу 1.900 ученици.