МВР ДЕТАЛИ: Вака се случила железничката несреќа во скопско
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2018
На 04.11.2018 година околу 10,15 часот во село Свиларе, скопско на патниот премин од железничката пруга Скопје - Кичево, се случила железничка незгода, соопштија од МВР.
Според полицискиот билтен во несреќата товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д. удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско.
Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники "Мајка Тереза" за укажување лекарска помош. Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.