МВР ГО КОНТРИРА АВМУ: Имал или немал Бојан Јовановски лично обезбедување од МВР?
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2019
-Лицето Бојан Јовановски од почетокот на оваа година имало службено обезбедување од МВР заради закани по безбедноста заради емитувањето на емисијата „Инсајдер“, тврди директорот на АВМУ Зоран Трајчевски во последната емисија „Код“ на ТВ Телма.
Трајчевски потенцира дека од МВР побарале потврда за овие информации а ако се точни, како што вели со тоа се потврдува дека друг сериозен државен орган , ако МВР навистина му дало обезбедување на лицето Бојан Јовановски како сопственик на телевизија а тој не е сопственик официјално , значи се потврдува дека е таен содружник а тоа не е дозволиво согласно законот и ќе треба да се одземе дозволата дококу се утврди токму тоа.
Од МВР пак преку писмено соопштение до медиумите демантираат дека наводите на Трајчевски се точни дека Боки13 имал служебно обезбедување од МВР.
Од таа институција коментираат дека е непрофесионално и неетички директорот да шири дезинформации изнесени во емисијата „Код“.
АВМУ пак покрена истрага за сопственоста на телевизијата за која Бојан Јовановкси кој е во притвор тврди дека е негова. Институцијата под капа на Зоран Трајчевски ќе бара докази дали сонот да биде сопственик на телевизија навистина Јовановски си го исполнил или сепак зад таа желба се крие неговиот татко и Ерцеговиќ