Добивај вести на Viber
На 27-ми март ќе се отвори старо-новиот театар, на Светскиот ден на театарот, најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска во интервју за Марили.
Објектот според министерката е во зарвшна фаза, се работи на ентериерното уредување и доколку дозволат временските услови, ќе се отвори и промовира на 27 март.
- Нашата национална установа, Македонскиот народен театар, веќе интензивно работи на премиерната претстава, по текст на Јордан Плевнеш, со која свечено ќе биде отворен театарот – открива министерката.
Домашни уметници домашни уметници го сликаат таванот на главната сцена на кој ќе бидат илустрирани македонски мотиви. На горната површина на покривот од театарот се поставени 45 скулптури кои биле обележје и на Стариот театар. Во влезната партија на главното фоаје на театарот ќе биде поставена и централна композиција - скулптура на основачите на театарот, што ја изработува уметникот Карадаре.
Орнаментика ќе биде поставена на ложите на главната театарска сала која прикажува мотиви од нашето културно наследство, цркви, манастири, артефакти.
-Театарот освен онаа главна функција, театарската дејност, ќе има и музејска функција. Сите посетители, преку целокупната орнаментика што е застапена во ентериерот, ќе можат да се запознаат со македонската култура и историја. Театарот ќе биде музеј сам за себе - смета министерката во интервјуто за Марили.