06 Декември, 2025
0.0448

На Антонио Милошоски не му се доволни три деца

Објавено во: Стил 28 Јули, 2018 20:29

Добивај вести на Viber

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски по четврти пат ќе стане татко. Тој и сопругата Симона чекаат ќерка. 

- Прекрасна вест, за радосна година:
пак сме трудни :), Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка, а мама и тато уште една принцеза, здравје Боже околу Нова Година!
Пожелувам на секого, повеќе веселби, за мекици и роденденски торти!, објави на ФБ поранешниот министер за надворешни работи.

Пред две недели, пратеникот ги почестил со благо своите колеги пратеници во Собранието, заради радосната вест и бременоста на неговата сопруга Симона. Антонио Милошоски за „Репортер“ потврдил дека по четврти пат ќе стане татко.

-Да, вистина е. Дома многу се радуваме што ни се случи посакуваната бременост. Давид, Дариа и Михаела ќе добијат уште една сестричка. Повеќе деца, повеќе среќа – рекол Милошоски.

Синот Давид има 10 години, помалата сестра Дариа 2 години, а засега најмалата, Михаела има 9 месеци. Третата ќерка Антонио и Симона ја очекуваат околу Нова година.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: