ПРОГНОЗА НА ММФ: Раст за македонската економија од 3,2 проценти, за Косово 4, Албанија 3,8, а Србија 3,5 проценти
Објавено во: Економија 23 Април, 2025 08:26
Раст на македонската економија од 3,2 проценти за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација, според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4 отсто, а следната година 2,2 проценти.
Во регионот, за Србија е прогнозиран раст од 3,5 отсто, Албанија, 3,8 отсто, Косово, 4 отсто, Црна Гора, 3,2 отсто, БиХ, 2,8 отсто.
ММФ во најновиот извештај ги намали прогнозите за економски раст за 2025 година, истакнувајќи оти зголемените царини и општата неизвесност ќе доведат до „значително забавување“.
Во најновата глобална прогноза наведува дека светската економија ќе порасне за 2,8 отсто оваа година, што е помалку од претходната процена од 3,3 проценти.
Во САД се очекува раст од 1,8 отсто, кој според претходната процена изнесуваше 2,7 проценти. Намалена е и прогнозата за раст за Велика Британија од претходните 1,6 на 1,1 отсто.л
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




