15 Декември, 2025
0.0415

На избори може да се заработи: Србин го продава гласот за 2.000 евра

Објавено во: Балкан 17 Февруари, 2014 14:21

Добивај вести на Viber

Српски државјанин се обидел да заработи на претстојните предвремени парламентарни избори во земјата, така што својот глас го понудил на продажба преку оглас. Почетната цена е 2.000 евра.
„Објавувам дека моето официјално граѓанско право и должност од денес е на продажба. До 16-ти март има уште малку време, затоа побрзајте, можеби токму мојот глас ќе ви биде потребен да преговарате за коалиција или слично“, им пишал овој граѓанин на политичарите од сите партии во огласот.
Во пакет со својот глас, тој го нуди и гласот на својата сопруга, се разбира за оние што се подготвени да платат повеќе.
„Доколку дадете поголема цена од 2.000 евра, постои можност да ја убедам и својата сопруга да гласа токму за Вас, партијата или коалицијата. За дополнителни 50 евра ќе се обидам техниката со која што ќе го нацртам кругот, да добие бонус кај изборната комисија за уметничка импресија“, се додава во огласот.
Овој досетлив српски граѓанин вели дека до сега победувал секој за кого мгласал на изборите.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството