03 Мај, 2024
0.0288

НА КОИ МИНИСТРИ ПРВИОТ ФИНАНСИЕР ЌЕ ИМ ГИ СКРАТИ ПАРИТЕ ЗА КАПИТАЛНИ РАСХOДИ - еве кои се најслабите трошачи

Објавено во: Економија 17 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Дали ќе има нов ребаланс на буџетот Владата се уште анализира и тоа ќе се знае на крајот на месецов. Ќе зависи од финансиската тежина на четвртиот сет нови мерки за закрепнување на економијата и за помош на граѓаните.

Но, она што со сигурност се знае, а како што вчера на прес конференцијата најави и новиот министер за финансии Фатмир Бесими, е дека дефинитивно ќе им се кратат парите на оние буџетски корисници за кои се знае дека нема до крајот на годинава да ги потрошат парите што се предвидени за капитални инвестиции.

„Зависно од тоа колку ќе чини пакетот на мерките, ние работиме интензивно, ја следиме реализацијата на буџетот во досегашниот период. Каде што ќе има простор и со голема веројатност се знае дека до крајот на годината нема да се реализираат тие планирани трошења во буџетот, ќе направиме репрограмирање на тие средства“, нагласи Бесими.

За новиот пакет мерки, прво ќе треба да се утврди колку средства тој ќе изнесува.

„Прво ќе видиме во рамки на постојниот буџет каде има можност за репрограмирање, каде што знаеме со сигурност дека до крајот на годината нема да се реализираат тие средства. Тука ќе имаме репрограмирање. Доколку тоа не стигне за реализација на целиот пакет, има простор да се земат дополнителни 60 милиони евра на домашниот пазар за да не се зголеми буџетскиот дефицит. До крајот на месецотќе знаеме дали ќе одиме со ребаланс на буџетот, со кој би излегле пред Собранието.Тоа ќе биде во текот на следниот месец, доколку се реши Владата и доколку согледа дека има потреба од ребаланс на постојниот буџет“, објасни пред новинарите првиот финансиер.

Ова значи дека Бесими всушност планира да им ги скрати парите на оние буџетски корисници што не успеале да ги потрошат, и тие да бидат наменети за четвртиот пакет мерки. Првиот финансиер откри и дека заклучно со вчерашниот датум, капиталните инвестиции се реализирани 41 отсто.

„Сега на ниво на институции правиме микро анализа колку има реални очекувања дека ќе се реализираат. Ако нема можност, тие пари ќе одат таму каде што треба да помогнат за економско онбновување на земјата после ковид кризата. Не можам уште да кажам бројки бидејќи на тоа уште се работи“, рече Бесими.

А кои се институциите кои заклучно со август најслабо ги трошеле капиталните инвестиции? И дали тие ќе бидат оние каде што ќе се скратат капиталните расходи, за парите да се пренаменат за економските мерки од четвртиот пакет што го најавува Владата.

Фактор направи анализа врз оснва на податоците објавени на веб страната на Министерството за финансии, кои се однесуваат заклучно со крајот на август, односно првите осум месеци од годинава. Вкупно за тој период се потрошени близу 40 отсто, или прецизно 39,5 проценти, што е многу малку ако се има предвид дека за осум месеци требало да се потрошат 66,7 отсто од капиталните расходи.

За убедливо најлош трошач може да се прогласи Секретаријатот за европски прашања СЕП, кој за осум месеци има реализација од само 0,08 отсто. Како што е познато, тој беше под раководење на тогашниот вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи, кој сега е новиот министер за надворешни работи.

Ако ги погледнеме министерствата, пак, најслаб трошач меѓу нив било убедливо Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со потрошени капитални расходи од само 2,36 отсто. Како лош реализатор на второ место е Министерството за локална самоуправа, со потрошени само 4,1 отсто од инвестициите. Третото место по слабо користење на капиталните инвестиции го доби Министерството за економија, со само 8,8 отсто потрошени инвестиции, а кое и во старата, а и во новата Влада, го раководи Крешник Бектеши.

Како ресор кој не знаел да си ги потроши капиталните инвестиции се издвоило и Министерството за внатрешни работи, со кое во техничката влада раководеше Наќе Чулев, а сега таму се врати Оливер Спасовски. Таму се реализирани инвестиции од само 9,2 отсто. Со добро трошење на капиталните инвестиции не се издвоило многу ни Министерството за одбрана на Радмила Шекеринска, со искористени 10 отсто од капиталните инвестиции.

Сепак малку подобро, но далеку од добро било Министерството за надворешни работи, со кое раководеше Никола Димитров, со потрошени 20,6 отсто од инвестициите.

Министерството за здравство и она за труд и социјала потрошиле по 24 отсто, МИОА околу 27 проценти, Министерството за транспорт 31,6 отсто, а она за животна средина 33 проценти. МОН, пак, потрошиле 35,4 отсто. И овие не важат за добри трошачи.

Меѓу подобрите влегува ресорот Правда, со искористени 44 отсто, Култура со 56 отсто, Земјоделство со 61 процент.

Убедливо најдобар, пак, е ресорот за Финансии, каде министеруваше досегашната министерка Нина Ангеловска, а кој потрошил дури 77 отсто од предвидените капитални инвестиции.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски