16 Мај, 2024
0.1929

На која возраст трошиме најмногу од нашето време?

Објавено во: Стил 26 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Возраста на која луѓето најмногу го трошат своето време, е 26 години. Ова го покажуваат резултатите од една студија направена во Британија по нарачка на организацијата „Баундлес“.

Истражувањето открива дека 26-годишните индивидуи обично губат во „празна определба“71 минута дневно. Тоа е еднакво на 432 часа годишно, или 54 работни дена.

Луѓето од возрасната група меѓу 25 и 34 години признаваат дека поминуваат 1 час и 34 минути дневно на социјалните мрежи и 1 час и 26 минути во размена на пораки.

2 часа и 20 минути на ден се троши времето во гледање телевизија. Час и 37 минути се губи во сурфање или шопинг на интернет. Трошењето на времето во овие активности е еквивалентно на 106 дена годишно.

По 35-годишна возраст луѓето почнуваат да го организираат своето време подобро. Поединците во возрасната група меѓу 35 и 44 години признаваат дека губат 57 минути дневно. По 45-годишна возраст време кое што го трошите  опаѓа до 52 минути.

И возрасните и младите губат повеќе време од своите претходници. Како резултат на тоа семејствата денес поминуваат помалку квалитетно време заедно, отколку во минатото.

Еден на секои четворица возрасни признава дека троши помалку време со блиските, отколку пред пет години. Една третина го трошат тоа на професионално вработување. Една четвртина сепак не кријат дека телевизијата и дигиталните уреди го одвлекуваат нивното внимание.

Иако интернет го олеснува животот на модерните луѓе, речиси една третина од нив признаваат дека достапноста им создава чувство дека губат претстава за реалноста.

Постојаното зјапање во екраните на компјутери или преносни уреди ги принудува една петтина од корисниците да се чувствуваат изморени, 15 проценти - летаргични, а десет отсто - раздразливи.

Љубовниот живот на модерните луѓе исто така страда поради часови поминати пред екранот или на каучот.

Една четвртина од учесниците во анкетата признале дека би сакале да имаат повеќе секс со партнерот, но не им останува време. Над една третина велат дека сакаат да најдат ново хоби, како што е јога. Над 40 проценти од испитаниците изјавиле дека би се посветиле на читањето на книги, ако добијат повеќе време, а една третина - на спорт.