26 Април, 2024
0.0285

На локалните избори во Грција само 40 отсто излезност, победи и внукот од „династијата“ Мицотакис

Објавено во: Балкан 03 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Десничарската опозициска партија Нова демократија (НД) ги освои градоначалнички места во неделата во Атина и Солун во Грција и во речиси сите провинции, потврдувајќи убедлива победа над левата опција на премиерот Алексис Ципрас на локалните избори.

Иако не излегоа 60 отсто од гласачите, аналитичарите проценуваат јасна предност на конзервативците на пет недели од предвремените парламентарни избори на 7-ми јули.

Во Атина, 41-годишниот Костас Бакојани, победи со 65 отсто од гласовите, според резултатите по пребројувањето на 99 отсто од избирачките места. Бакојани е член на третата генерација на грчката политичка династија Мицотакис и е син на Доре Бакојани, првата жена што беше избрана за градоначалник на Атина во 2003 година. Тој наедно е внук на поранешниот премиер Константин Мицотакис (1990 - 1993, десно), и внук од сестра на сегашниот претседател на Нова демократија, Киријакос Мицотакис, главниот ривал на Алексис Ципрас на претстојните парламентарни избори.

Костас Бакојани вети пред толпата во главниот штаб во центарот на Атина дека ќе "работи 24 часа на ден за сите Атињани".

НД на европските избори пред една неделапобеди над СИРИЗА со 9,3 процентни поени, што беше "неочекувана" победа според Ципрас, кој веднаш најави парламентарни избори, три месеци порано од предвиденото.

Поразот на левоориентираните на европските и локалните избори се одржува по четиригодишниот мандат на Алексис Ципрас и излегувањето на земјата од програмата за финансиска помош во август минатата година.


Можеби ќе ве интересира

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството