На Мехмед Сефери не му пречи што ќе го брани Никола Груевски
Објавено во: Македонија 26 Декември, 2018
На Мехмет Сефери како адвокат Албанец не му пречи да го брани поранешниот премиер Никола Груевски откако доби таква задача по службена должност од страна на судот за случајот „ТНТ“ на СЈО за рушењето на „Космос“ од политички мотиви . Судијата се реши на ваков потег откако претходно откажа приватната одбрана на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој веќе е азилант со посебен статус во Унгарија.
Сефери вели дека одлуката на судот не е против неговата волја и веднаш ја прифатил задачата.
- Започнав со работа, но многу малку сум информиран за случајот. Побарав од судот да ми ги достави потребните материјали и веднаш ќе ги разгледам. Засега како документ ја имам одлуката на судот изборот да падне на мене и немам никаков контакт со Никола Груевски - изјави Сефери за ТВ21.
Тој ќе добива по 1.500 денари од државата по рочиште на кое ќе го брани обвинетиот Груевски, кој веќе побегна од двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“.
-