19 Јануари, 2025
0.0250

На ниско ниво е внатрешната ревизија во Македонија

Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Потребата од внатрешни ревизори во Македонија е сеуште на ниско ниво и треба да се работи на подигнување на нивото на внатрешната ревизија како професија, сметаат од Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

- Работиме по различен кодекс на етика, по различни стандарди. Надворешните резивори се сметководствена професија и даваат мислење по финансиските извештаи. Ние го гледаме целокупното работење на компанијата и не може да се каже дека сме сметководствена професија. Не може да се поистоветиме со екстерните ревизори. Се работи за целосно различна професија со различен опфат на работа, истакна Слободан Димитровски на денешната Прва меѓународна конференција на Здружението на внатрешни ревизори на Македонија.

Законите за банки и за осигурителни компании на некој начин се негативни кон внатрешните ревизори затоа што налагаат овие институции да вработуваат екстерно овластени ревизори, смета тој.

Димитровски  нагласува дека бенефитот од внатрешните ревизори е голем затоа што тие се еден вид консултанти, десна рака на раководството на компанијата.

- Сите мислат дека сме некаква инспекција и нашата професија ја замислуваат како некаква контрола која им се наметнува. Ние сме еден вид консултанти. Тоа што раководствното го поставува како систем, наше е да го провериме. Нашите извештаи не одат надвор од компанијата, туку остануваат во неа. Значи ние постоиме за да додадеме вредност на компанијата, а не за да ја затвориме, нагласува Димитровски.

Според евиденцијата на Здружението, во Македонија работат околу 300 ревизори од кои во јавниот сектор има околу 180 ревизори.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ