На пастрмка во Поградец
Објавено во: Мои пари 17 Август, 2013 08:45
Цените се поевтини од оние во македонските ресторани. Скопското пиво или албанското Корча чинат по 150 леки. Исто толку чини и шопската салата. За кафе пак испиено на брегот на езерото од албанска страна се плаќа помеѓу 100 и 150 леки. Се примаат денари, евра и долари. Дури и на самите фискални сметки неретко може под цената во леки, да стои испечатена истата и во евра. За еден денар се добиваат две леки, курсот на еврото е нешто подобар.
Тушемиште се наоѓа на едвај 500 метри од границата и селото речиси е споено со Подградец, градот во кој забрзано се развива туризмот, барем ако се суди по градбите кои никнуваат и во овој дел на Албанија. На самиот почеток, езерското крајбрежје е исто како она кај Свети Наум. Колку повеќе се оди кон Поградец, песочните плажи се шират, а водата станува се поплитка и позаматена. Сепак тоа не ги спречува туристите да доаѓаат во овој дел на Албанија, главно домашните.
Подградец сега е претворен во големо градилиште. Уште од самиот влез новите објекти и огромниот бетонски хотел во вид на прекуокеански брод ја покажуваат градежната експанзија. Забрзано се гради и на самото крајбрежје. Старите куќи на два спрата, кои му даваат посебен шарм на шеталиштето, сега се заменуваат со огромни згради високи по десетина ката. Дел од жителите реагираат на тоа, но велат дека свесни оти тие штом даваат многу пари ги добиваат најдобрите локации.
Македонските градежници тешко влегуваат на албанскиот пазар. Охридските се обидуваат да најдат работа во Поградец, но забележуваат дека без локален партнер, нема ништо од бизнисот. Во неврзан разговор, еден од продавачите на градежни материјали од Охрид вели дека сега албанските градежници се почесто доаѓаат во Македонија. Купуваат специфични материјали кои во Албанија ги нема, плаќаат во готово, а потоа лесно ги пренесуваат преку граница.
Охриѓани почнуваат да се плашат дека Поградец ќе им преземе дел од туристите. Хотелите се нови, домаќините љубезни, а пастрмката речиси двојно поевтина.
Ј.Ј.
Можеби ќе ве интересира
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА




