На покана на премиерот Заев, Курц во септември ќе ја посети Македонија
Објавено во: Македонија 06 Август, 2018
На покана на премиерот Зоран Заев австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија. Средбата е закажана три недели пред референдумот за промена на името.
При последната посета на премиерот кон крајот на јуни во Виена, Курц упати апел до македонските граѓани на референдумот да гласаат за новото име „Северна Македонија˝.
„ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан. Договорот околу името на државата со Грција е одлучувачки напредок во процесот на приближување на Македонија до ЕУ.“, истакна Курц.
Тој за австриските медиуми најави дека со премиерот Заев сака да разговара за напредокот во скрининг процесот.