НА СЕКОЈ ЧАС ДОАЃА КОВИД ПОЗИТИВНО ДЕТЕ - тешко е во ковид болницата во хрватски Чаковец
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2021
Поради многу тешката состојба во болницата Чаковец, Хрватска, Министерството за здравство испрати 10-тина здравствени работници да и помогнат на установата. Посетите се забранети, болницата е пренасочена кон лекување на пациенти со КОВИД кои сè уште пристигнуваат, а бројот на кревети се намалуваат. И лекарите и медицинските сестри се без енергија, особено во педијатријата каде има многу заразени деца.
На Одделението за педијатрија Чаковец доаѓаат бројни родители со бебиња и деца. Симптомите се претежно слични деновиве - треска, кашлица, отежнато дишење.
„Секој час доаѓа дете кое е позитивно на Ковид. Треба да одлучиме дали ќе останат на лекување или ќе ги пуштаме дома“, изјави Игор Шеговиќ, педијатар и директор на Жупаниската болница Чаковец.
За жал, кај некои деца клиничката слика е тешка, па се згрижуваат во посебни простории во кои се влегува од тераса. Сликата е тажна, сведочеше медицинската сестра Кристина Јакопиќ.
Но, нема избор - пациентите со КОВИД мора да бидат згрижени. Во Чаковец моментално ги има 120. За жал нивниот број незапирливо расте.
Извор: ХРТ