20 Декември, 2025
0.0592

НА СНИМКАТА СЕ ГЛЕДА ШТО СЕ СЛУЧУВАЛО КОБНАТА НОЌ, ДЕНИС НЕ ПРУЖАЛ ОТПОР - македонскиот амбасадор во Хрватска ветил дека случајот нема да се „стави под тепих“

Објавено во: Македонија 10 Април, 2022 07:56

Добивај вести на Viber

Денис Тот, трагично загинатиот хрватски ракометар, кој последен пат го носеше дресот на Бутел од Скопје, почина во болница поради срцева слабост. Така барем тврдeше неговиот брат Борис кој во Северна Македонија допатува од Холандија каде што брани за прва лига таму. 

„Денис почина од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки и други глупости кои цел ден се пишуваа во медиумите“, напиша Борис на својот Фејсбук профил. 

Во крвта немало наркотици 

Такво нешто потврдија и извори од болницата, наведувајќи дека Тот бил примен без срцева реакција, по што веднаш бил префрлен на реанимација и немал знаци на повреди предизвикани од физичко насилство. 

Вечерњи лист го контактирале амбасадорот на Северна Македонија во Загреб, Милаим Фетаи, кој ги уверил дека овој случај нема да се турка под тепих, а обдукцијата отстранила барем една работа од списокот на можни околности. Денис немал наркотици или други туѓи материи во крвта. 

„Ќе се спроведе детална истрага. Директорот на КБЦ велеше дека нема траги на насилство, дека не е убиство. Дека бил реанимиран, но дека на крајот починал. Кога го донеле во болница, имал проблеми со срцето. Тој е предаден на обдукција, детално ќе кажат што се случило. Она што е сигурно е дека тој не бил под наркотици, немал туѓи материи во телото, во крвта“, изјавил Фетаи пред обдукцијта. 

Редакцијата на Вечерњи лист од Скопје добиле официјална информација дека е формиран специјален тим на тамошното МВР за да се справи со овој случај, со цел што поскоро да се откријат вистинските информации. 

Тие го цитираат Вистиномер.мк, дека има видео на кое се гледа како млад човек и девојка излегуваат од дискотеката „Привилиџ“ и влегуваат во такси, а Тот тргнал по нив и им се обратил, но на видеото не се гледа што им рекол. Младиот човек и девојката потоа излегуваат од таксито. Момчето двапати го удрило, по што ракометарот веднаш паднал на земја, а девојката уште неколку пати го удрила по главата. Младиот ракометар воопшто не се мрднал, ниту се спротивставил. Откако виделе дека е без свест, двајцата се обиделе да му помогнат и да го реанимираат, но не успеале, по што побегнале, а таксито тргнало кога настанала расправија. Телото на младиот ракометар го видел еден од вработените во ноќниот клуб и веднаш повикал брза помош - пишува Вистиномер.мк. 

Полицијата уапсила две лица поврзани со смртта на Денис, додека трето е во бегство. Така што ќе има многу работа, особено за полицијата која треба да утврди голем број факти. 

„Денис го забележавме уште во 2013 година кога го игравме полуфиналето од Купот на Хрватска против Ѓаково, но тој набрзо отиде во Адемар како многу млад надежен играч. Таму играше малку, па дојде кај нас на полусезона да ја „оживее“ кариерата и успеа. Не ми се верува дека го нема повеќе“, изјави Александар Беаковиќ, спортски директор на РК Пореч. Поради оваа трагедија одложен е натпреварот од плејофот за шампионот на Северна Македонија меѓу Бутел и Вардар, кој требаше да се одигра в сабота.

Извор и фото: Вечерњи лист

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти