15 Декември, 2025
0.0962

На Србите им ги враќаат локалите во центарот на Загреб

Објавено во: Балкан 03 Февруари, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

Со претставници на власта во Хрватска, договорено е на Српското економско здружение „Привредник“ во Загреб да и се врати имотот вреден речиси два милиони евра. Ова, за хрватскиот весник „Јутарњи лист“ го потврдил Миле Хорват, шеф на клубот застапник на Самостојната српска демократска партија (ССДС) и додал дека постои добра политичка волја, овој договор да се спроведе, како и дека тоа прашање би требало многу брзо да биде решено. На „Привредник, како што се наведува, ќе му биде вратено, отприлика 1.300 квадрати во најстрогиот центар на Загреб, со што ќе се стави крај на 15-годишниот спор меѓу тоа здружение и хрватската држава. Инаку, Привредник е хуманитарно здружение кое ги стипендира сиромашните ученици и студенти од повратничките краишта. Во минатото, на Привредник не му бил признат статусот на наследник на некогашното истоимено здружение, а со тоа и скапоцените недвижности, и во преговорите со владата е најдено компромисно решение, така што на Привредник, недвижностите ќе му бидат „подарени“. Како своевиден парадокс, весникот забележува дека барањето на Привредник од 2002 година го одбила тогашната министерка за правда на СДП, Ингрид Античевиќ-Мариновиќ, а 12 години подоцна, договорот е постигнат токму со социјалдемократската влада на Хрватска. На Привредник, како што се наведува, ќе му биде подарен комплекс од три згради и приземен дел од некогашната палата Башич во која денес се наоѓа прехрамбена продавница.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството