18 Мај, 2024
0.0278

На странските пазари извезени 140 илјади јагниња

Објавено во: Економија 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Се со цел да ја согледаат состојбата со извозот на јагнешко месо на странските пазари Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски  и прилепскиот градоначалник Маријан Ристески вчера беа во посета на  реновираната кланица „Гуде смит“ во село Мажучиште.

-Од шест кланици во Македонија досега на странските пазари, Италија, Црна Гора, Хрватска, Грција извезени се околу 140 илјади грла јагниња, односно 1,3 милиони килограми јагнешко месо. Бројката на извезено јагнешко месо пред Велигден е така речиси иста како и претходната година – истакна директорот Поповски.

Месото што се извезува од Македонија во поглед на безбедноста е на највисоко ниво и е со добар квалитет.

Тој појасни дека минатата година од болеста син јазик угинале околу 20 илјади грла овци, за кои наскоро на сточарите ќе им биде исплатена отштета.

Во кланицата инвестирани се повеќе од три милиони евра за истата да може да ги исполни европските стандарди за пласман на месо на странските пазари.

Сопственикот на кланицата Ристо Михајлов истакна дека јагнешко месо извезуваат на пазарите во Црна Гора, Србија, Хрватска,Грција и Италија. Прилепската кланица „Гуде смит“ и кланицата во Кавадарци ги исполнуваат условите за колење на јагнешко, говедско и свинско месо и двете се сестрински фирми на компанијата „Серта“.

Градоначалникот Ристески истакна дека во најскоро време се очекува да биде подобрена патната инфраструктурата која води до кланицата.

Според Михајлов, до Велигден ќе бидат извезени 20 илјади јагниња пред се на грчкиот, српскиот и црногорскиот пазар. Откупната цена за јагне жива мера досега е 155 денари. Годишно од кланицата излегуваат околу од 170 илјади јагниња – истакна тој.

При денешната посета на Прилеп директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, во рамки на Отворените денови на Агенцијата за храна и ветеринарство, оствари средба со прилепските производители на храна, на која беше промовиран водичот за новите за означување на храната во ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа