15 Декември, 2025
0.0501

НА ТАБАНОВЦЕ УТРЕ СТИГНУВА ДОНАЦИЈАТА ОД СРБИЈА: Вучиќ лично ќе ги предаде на Заев 8.000 вакцини од Фајзер

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2021 12:28

Добивај вести на Viber

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе му го предаде на премиерот на Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на земјава.

Во меѓувремне пристигна владиното соопштение во кое се наведува дека утре во 14:00 часот на граничниот премин Табановце премиерот Зоран Заев ќе ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со која ќе пристигне и првата пратка на вакцини.

Инаку, премиерот Зоран Заев, на прес конференцијата денеска информираше дека сеите вакцини се очекуваат да стигнат многу брзо во Македонија.

-Ние секој ден се надеваме час поскоро да стигнат вакцините, имаме најава дека дури и утре, немам уште потврдено и затоа нема да кажам детали, денеска попладне ќе дознаеме дали ќе биде така. Она што го очекуваме за кинеските вакцини е 15-16 февруари, секако денеска очекуваме да се случи плаќањето од страна на македонија за да може да се испланира пакувањето, обезбедувањето од страна на нашата земја, бидејќи сите овие 200.000 вакцини треба да стигнат со авион од Кина. Така што, денови се пред нас кога ќе стигнат вакцините. Системот ни е целосно подготвн, знаете дека одиме прво со здравствените работници во ковид центрите, тие вакцината ќе ја примнат во самите нивни здравствени установи, а потоа тоа што е според протоколот. Така што, очекуваме вакцините од Фајзер и од Синофарм да дојдат најбрзо. Исто така ги очекуваме вакцините од Фајзер и АстраЗенека преку Ковакс механизмот, а а оние кои се во директен договорот со Фајзер ќе ги имаме во втората половина на февруари, изјави премиерот Заев.


Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро