Добивај вести на Viber
Фондот за здравствено осигурување ја проширува листата на нутритивни производи за лица со ретки болести, кои ќе ги покрива осигурувањето. Во новата група нутритивни продукти, што ќе се покрива од 1 август, влегуваат посебни видови на брашно, млеко и масло за јадење, кои претставуваат основна исхрана за овие лица.
Според пресметките на Фондот, на овој начин лицата со ретки болести ќе заштедат околу 35.000 денари месечни трошоци за овие производи.
„Овие лица и нивните фамилии се изложени на месечен трошок од 4.000 до 35.000 денари за храна. Односно 4.000 денари за безглутенското брашно, 20.000 денари месечно за безпротеинското брашно и млеко, околу 10.000 денари за Хипоалергена формула на млеко со 55-80% на средноланчани триглицериди и 3.000 денари за СЛТ маслото“, информираат од ФЗОМ.
Овие олеснувања се однесуваат на околу 300 пациенти со ретки болести во Македонија.