19 Мај, 2024
0.0273

На Виз Ер Скопски Маратон се очекува рекорден број на учесници и најмасовна посетеност до сега

Објавено во: Мои пари 21 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. До денес се пријавени 5600 учесници, од 42 земји ширум светот. 11-тото издание на Виз Ер Скопски Маратон оваа година се оддржува на 10-ти мај, по повод Денот на Европа, 9-ти мај.

vizer skopski maraton1

,,Ова се очекува да биде најмасовниот и најпосетен маратон досега. Бројот на пријавени учесници е за почит, со оглед на тоа дека пријавувањето е сеуште во тек. Сите натпреварувачи своите стартни пакети ќе можат да ги подигнат од Виз Ер Скопје Маратон Експо, саемот кој за прв пат оваа година ќе се оддржи по повод Виз Ер Скопскиот Маратон. Чест ми е како директор на маратонот да ги поздравам сите учесници, натпреварувачи и оние кои несебично ја даваат поддршката за овој маратон да се оддржи. Маратонот е под покровителство на Град Скопје, Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт. Оваа година главниот спознор Виз Ер, на сите маратонци им доделува вредносен ваучер во износ од 20 евра, кој може да се искористи преку wizzair.com.- изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски Маратон.

vizer skopski maraton2

На денешната Прес Конференција, свое излагање пред медиумите имаа Аиво Орав, амбасадор на ЕУ, Ѓорги Кузмановски, претседател на Сојуз на Спортови на Скопје и организационен одбор, Кире Синадиновски, Директор на Маратонот, Марјан Спасески, Директорот на Агенција за Млади и спорт, Даниел Де Карваљо, претставник од  компанијата Виз Ер и Тања Балаќ, претставник од Град Скопје, кои заеднички го поддржаа маратонот и најавија настан кој се смета за еден од најголемите во регионот.

vizer skopski maraton4

На прес конференцијата која се оддржа денес во ЕУ Инфо Центарот беше најавено, дека последен рок за пријавување за маратонот е до 30-ти април или до пополнувањето на предвидената бројка на учесници. Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Во склоп на Виз Ер Скопски Маратон ќе се оддржи Државното првенство на Македонија во маратон. Новитет е штафетниот маратон за кој постои голем интерес.

Интересно е да се спомене дека по пат на лотарија, двајца македонски натпреварувачи/ки ќе имаат можност да трчаат на Њујорк Маратонот, кој ќе се оддржи на 11 ноември 2015 година, со кој Виз Ер Скопски Маратон оствари соработка. Исто интересно е и воведување на нови технологии, снимање на лично видео кое ќе го добијат учесниците во маратонската, полумаратонската трка и во штафетниот маратон.

Наградниот фонд оваа година изнесува 17.000 евра.

Виз Ер Скопскиот маратон е првата улична трка во Европа кој се здоби со 5 ѕвездички во новата категоризација“Running for all“ која неодамна почна да ја спроведува Европската Атлетска Асоцијација, а која се однесува за безбедноста и квалитетот во организација на уличните трки. Виз Ер Скопскиот маратон е земен како пример во брошурата која ја издаде Европската Атлетска Асоцијација.

Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини има на веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст