Начини како да ја намалите болката во вратот
Објавено во: Стил 01 Јули, 2014 17:07
1. Прво направете мал тест
Најважно е да полежите малку на душекот што сте го одбрале. Само на овој начин ќе можете да знаете дали тој Ви е удобен. Токму затоа многу продавници за душеци нудат тестирање на лице место.
2. Од тврд душек до удобност
Во минатото, на пациентите кои страдале од болки во грбот и вратот им се препорачувало да спијат на тврди душеци. Денес, докторите препорачуваат душеци кои не се премногу меки, а обезбедуваат и максимална удобност и ја намалуваат болката колку што е можно.
3. Одберете пониска перницаТреба да одберете перница пониска од онаа на којашто сега спиете, перница што ќе биде приспособена на кривата на ’рбетот. Каква перница и да одберете, прво треба да ја тестирате, за да бидете сигурни дека ќе Ви одговара.
4. Препорачливо е да спиете на грб и на стомак
Ако често спиете на грб, бидете сигурни дека лежите на подлога што одговара на формата на ’рбетот. Исто така е здраво да се спие на стомак. Ако имате тврд душек, спиење на страна може да биде непријатно за колковите, но повремено спиење на страна може да помогне во намалување на проблемите со болките во грбот, вратот и нозете. Доколку нозете се свиткани, притисокот врз нервите се намалува, а со тоа и болката.
5. Редовна физикална терапија
За да спиете добро, потребна Ви е редовна физикална терапија или пак тренинзи, за да ги зацврстите грбните и стомачните мускули. Вежбите можете да ги научите во клиниките за физикална терапија или во бањите.
6. Утрински вежби
Докторите препорачуваат утрински вежби, иако е подеднакво корисно доколку ги изведувате и во кој било друг дел од денот. Оптимално би било доколку можете да одвоите 20 минути наутро и 20 минути попладне. Вежбите за луѓето што страдаат од болки во ’рбетот се специјални. Постојат многу книги со овие вежби, а тие можат да се најдат и онлајн. Во случај на посериозни проблеми, мора да се консултирате со ортопед.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





