05 Декември, 2025
0.0305

Над 50.000 дивоизградени компании ќе имаат можност за откуп на земјиштето

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2013 14:14

Добивај вести на Viber

Сопствениците на  50.000 до 60.000 стопански објекти изградени како дивоградби на државно земјиште ќе можат да ја искористат владината мерка за откуп на земјиштето на кое ги изградиле капацитетите по цена од 4 евра до 7 евра за метар квадратен. Ќе можат да откупат и до 30 проценти од парцелата околу објектот.

Предностите  од владината мерка за откуп на државното земјиште под дивоградбите, цените и постапките што треба да се преземат,  министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ги претстави денеска пред членките на Комората за градежништво при Сојузот на стопански комори ССК.

- Со оглед на тоа што земјиштето ќе може да се откупи по  цена од 4 евра до 7 евра за метар квадратен, освен што ќе имаат комплетно право на имотот во натамошниот промет вредноста  на тоа земјиште ќе може да достигне од 200 евра до 400 евра за метар квадратен, изјави Сеад Кочан, претседател на Комората за градежништво. Со тој имот, посочи, во иднина ќе може да располагаат и да добијат подобри финансиски понуди.

Цената за откуп на земјиштето кај стопанските и комерцијалните објекти и станбените згради за метар квадратен   изнесува 438 денари во првите пет зони, односно поголемите градови, и  245 денари во помалите градови. За куќите и за објектите каде има јавен интерес цената е евро за метар квадратен.

- Најнапред треба да се донесе акт со кој општината кажува дека тој објект ќе го вгради во деталниот урбанистички план, потоа се носи решение за легализација, а  општината во рок од шест години треба да го вгради тој објект во детален урбанистички план. Кога ќе се донесе ДУП-от, се поднесува барање до Министерството за транспорт и врски за откуп на земјиштето и на некој начин  така целосно ќе се реши сопственоста и за објектот и за земјиштето, изјави Јанакиески.

Тој појасни дека соодносот на земјиштето што ќе може да се откупи околу и под објектот треба да биде 30 со 70 и со тоа за да се спречат злоупотреби.  - Согласно Правилникот за урбанистичко планирање, кај нелегално изградени објекти, доколку  објектот има 70 метри квадратни  и е изграден на земјиште на Република Македонија, земјиштето околу него може да биде максимум 30 метри квадратни. Соодност треба да  биде  70  со 30.

Стопанските капацитети за кои ќе може да се откупи земјиштето се дел од вкупно 360.000  дивоградби што беа регистрирани на стартот на процесот за легализација пред неполни две години. На крајот на  минатата година, според Јанакиески, се легализирани над 40.000 дивоградби.Апелира општините да го зголемат бројот на лица што работат на предметите за легализација со цел побрзо решавање на предметите и на физичките и на  правните лица.

- Имаме два покрупни проблеми, недоставувањето на геодетските елаборати од страна на граѓаните и компаниите, поради што  во законот ставивме одредба дека доколку не го достават  елаборатот во рок од 18 месеци тогаш го губат правото за легализација. Вториот покрупен проблем е што општините ангажираат  мал број лица и затоа апелирам да го зголемат тој број, изјави Јанакиески.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени