18 Мај, 2024
0.0271

Нафтата порасна, од вторник ќе точиме поскап бензин?

Објавено во: Економија 14 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Терминските цени на нафтата во текот на тргувањето во Азија пораснаа, после прогнозираниот пад на американското производство од шкрилци.

Цените на нафтата пораснаа и поради очекувањата дека кинеската влада ќе најави поттикнувачки пакет за раздвижување на забавената економија.

Американската „лесна“ нафта  (WTI) за испорака во мај поскапела на Њујоршката берза 45 центи на 52,36 долари, додека нафтата од типот „брент“ за мајска испорака во Лондон поскапела 51 цент на 58,44 долари, пренесува Франс прес.

Проценките на аналитичарите се дека падот во американското производство на нафта ќе помогне во намалување на прекумерните глобални залихи, кои од јуни минатата година ги преполовија цените на „течното злато“ додека стимулативниот пакет во Кина би можел да поттикне побарувачка во таа земја.

Американската Агенција за енергетски информации соопштила вчера дека производството од шкрилци во САД во мај веројатно ќе падне, што според оценките на њујоршката агенција Блумберг, беше прв пат оваа агенција да прогнозира пад на производството откако во 2013 година почнала со објавување на извештајот за месечно производство на нафта.

Во меѓувреме, падот на кинескиот извоз во март за неочекувани 15 одсто, на 144,57 милијарди долари, и намалување на увозот за 12,7 одсто на 141,49 милијарди долари, поттикнаа очекувања дека наскоро ќе дојде до движење на новиот стимулативен пакет во втората светска економија.

Ако се имаат предвид денешните цени, можеме да очекуваме значително поскапување на горивата.

Имено, минатиот понеделник, регулаторот ја формираше цената на горивата во Македонија врз основа на просечната цена на суровата нафта која тогаш на берзата во Лондон изнесуваше 54,5 долари за еден барел, а курсот на денарот во однос на доларот беше 57,9 денари.

Во моментов, барел нафта чини скоро 4 долари повеќе од пред една недела, а еден долар се продава за 58,4 денари. Доколку се задржи ваквиот тренд можеме да очекуваме значително поскапување на горивата во Македонија кое би се движело меѓу 3 и 4 денари по литар.

Еуросупер од 95 октани се точи за 67,5 денари, 98 октанското гориво чини 69,5 денари по литар. Цената на овие горива не претрпе корекции минатата недела. Дизелот минатиот понеделник поевтини за половина денари и сега се продава за 53 денари по литар.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа