04 Мај, 2024
0.0250

Нафтата стабилно расте, горивата се поскапи

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Цените на нафтените фјучерси пораснаа поради поголемите изгледи за намалување на производството на залихи во САД, што оди во прилог на мислењето дека презаситеноста на пазарот со нафта полека се олабавува.

Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во ноември е тргувана на ниво од 50,76 долари по барел на берзата во Њујорк, што е раст од 47 центи, додека северноморската сирова нафта „брент“ за испорака во декември е договарана по цена од 52,16 долари за барел, или за 48 центи повеќе отколку вчера, на лондонската берза .

Американските залихи на нафта веројатно паднале за 3,8 милиони барели во неделата заклучно со 14 октомври, се наведува во проценките на Американскиот институт за нафта, кој исто така предвидува пад на залихите од 2,3 милиони барели, но и раст на залихите на бензин од 900 000 барели.

На јакнењето на цената на нафтата, исто така влијаел слабиот долар, што ја прави нафатата евтина за купувачите кои користат други валути.

Цените на нафтата повеќе од две години се под притисок, бидејќи понудата константно ја надминува побарувачката. Сепак цените зајакнале за околу осум отсто откако ОПЕК кон крајот на септември постигна договор за намалување на производството за дури 700 000 барели дневно.

Инвеститорите го очекуваат состанокот на нафтениот картел следниот месец на кој ќе бидат разработени деталите за спроведување на договорот.

Одборот на ОПЕК претходно ќе се состане кон крајот на овој месец како би се обидел да ги реши разликите во ставовите на своите членки во поглед на производните квоти по земји поединечно.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски