19 Јануари, 2025
0.0264

Награда за Скопје – има најдобар јавен превоз за туристи во светот?

Објавено во: Мои пари 17 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Скопје е пофален за својот одличен јавен превоз и за групен туризам. Градот ја доби  наградата „Градски трофеј 2013“ што на две години ја доделува Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) за  градските политики за одржлив транспорт, мобилност и ефикасен јавен превоз. Наградата во име на градот, денеска во Белгија ја прими градоначалникот Коце Трајановски кој се заблагодари и ги покани сите да го посетат Скопје. „Градот Скопје во последниве некоку години интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура и на јавниот превоз, на збогатување на туристичката понуда, на промоција на организирани туристички посети со водичи и со туристички автобуси, како и на приближување на сите туристички дестинации во Скопје и во неговата околина до посетителите. Во истата насока продолжуваме и натаму. Упатувам искрена покана до сите патници намерници да го посетат Скопје и со себе да понесат незаборавни спомени“, истакна Трајановски. Заедно со Скопје, во првата петорка се нашле и градовите Малме, Ковентри, Ливерпул и Виена.Наградата отишла кај Скопје поради тоа што жири комисијата била импресионирана од квалитетот и сеопфатноста на досието доставено од Скопје, вели Ив Манерт, потпретседател на ИРУ и член на жирито за „Градски трофеј“. „ Интернационалното жири смета дека, иако се уште има простор за подобрување, презентацијата на Скопје се истакна меѓу другите досиеја поради силното политичко водство, посветеноста и „срцето и душата“ вдахнати во него, од сите оние што придонесуваат за имплементација на цврстата политика на градот, која е проактивна и наклонета кон автобускиот превоз и групниот туризам, истовремено промовирајќи го имиџот на автобусите и туристичките автобуси, и пред граѓаните и пред посетителите“, додаде Манерт за кого Скопје е пример на кој треба да се угледаат европските метрополи. Како член на Меѓународната унија за патен транспорт е Стопанската интересна заедница за патен транспорт „Македонија Сообраќај“ АМЕРИТ. Во неа пак членува ЈСП Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ