19 Мај, 2024
0.0260

НАЈАВЕНИ ЗА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌ: Европски градови загрозени од нови напади!

Објавено во: Свет 27 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Неименувана "пријателска" разузнавачка служба предупреди неколку градови во Европа за можни терористички напади.

Веста ја соопшти CNN, повикувајќи се на изјава на полицијата во Виена.

Нападите ќе вклучуваат експлозии и вооружени напади и се очекуваат во периодот меѓу Божиќ и Нова Година. Загрозените градови засега не се споменуваат.

Предупредувањето ги вклучува имињата на неколку потенцијални сторители кои виенската полиција ги истражила, но не успеала да дојде до повеќе конкретни информации.

"Ова наведување предвидува повисоко од сегашното ниво на опасност", вели вработен од полицијата во Виена.

Во одговор на предупредувањето полицијата во Виена и други градови во Европа ги зголемија мерките за безбедност и надзор на јавни места, особено при спроведувањето на важни настани и во зоните со зголемен сообраќај. Во полициската порака се вели дека меѓу предупредувачките мерки се вклучуваат и сеопфатни проверки, подготовка за брза реакција во вонредни ситуации и зголемена внимателност кон сомнителни куфери и чанти.

Француската национална полиција одби да го коментира предупредувањето, но изјавила дека повеќе од 48 илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на места чувствителни кон тероризам од 19 декември до 4 јануари, а 2.000 нови полицајци ќе бидат ангажирани во следниот месец.

Владиниот портпарол за прашања на тероризмот во Белгија исто така одбил да ги коментира предупредувањата.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети