20 Декември, 2025
0.0408

Најбогатите луѓе во светот загубија 70 милијарди долари за еден ден

Објавено во: Мои пари 01 Јули, 2015 14:01

Добивај вести на Viber

Само за еден ден (29 јуни) најбогатите 400 луѓе во светот реализирале кумулативна загуба од 70 милијарди долари, соопштува Bloomberg.

Причина - песимизмот на пазарите на капитал, предизвикан од стравувањата околу Грција, и падот во Кина.

Просечната загуба за милијардер изнесува 175 милиони долари, покажуваат пресметките врз основа на Bloomberg Billionaires Index.

Кумулативниот пад на богатството е над 1,5%. Вкупната загуба е повеќе од пазарната капитализација на компаниите како Ford Motor Co. и Twenty-First Century Fox Inc.

Во понеделникот американските берзи регистрираа намалувања, индексот S & P падна за 2,1 проценти, додека NASDAQ забаележа загуба од 2,4%. Европскиот индекс Euro Stoxx исто блесна во црвено со загуба од 4,2%, а кинескиот Shenzhen Stock Exchange Composite падна со над 6%.

Најголемата загуба од милијардери ја реализирал креаторот на модната марка Zara Аманико Ортега - 2,2 милијарди долари. Така богатството му е намалено за 3,2%. Ортега е најбогатиот човек во Европа и втор по овој показател на глобално ниво. Најбогатиот човек на планетата Бил Гејтс изгубил 1,4 милијарди долари, реализиран пад од 1,7%. Инвеститорот Ворен Бафет, третиот по богатство, изгубил 1,6 милијарди долари.

Најбогатите 400 лица во светот контролираат средства во вредност од 4,2 трилиони долари, што е за речиси 400 милијарди долари повеќе од бруто домашниот производ (БДП) на Германија.

Само 12 од милијардерите успеале да го зголемат своето богатство во понеделникот, меѓу кои е и најбогатиот човек во Африка Алико Данготе. Данготе заработил 180 милиони долари, достигнувајќи на тој начин вкупно богатство од 15,3 милијарди долари. Акциите на Dangote Cement поскапеле со 2,35%.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии