26 Април, 2024
0.0304

Најчевска: Кога во закон ќе ставиш прецизни бројки мора и да ги почитуваш

Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Реакциите за Законот за јазиците не стивнуваат.  ги сподели своите видувања за Законот за употреба на јазиците, кој пред неколку дена беше изгласан во Собранието.

Професорката и активистка за човекови права Мирјана Најчевска излезе со свој осврт на носењето на Законот за употреба на јазиците кој според неа бил непотребен и е проблематичен кога се во прашање употребата на проценти на население, а во Македонија веќе две децении не е спроведен попис.

„Морам да признаам јас лично бев против донесување на еден ваков закон. Мислев (и се уште мислам) дека материјата на употребата на јазиците најдобро може да се уреди со ратификација на Повелбата за регионалните и малцински јазици на Советот на Европа. Оваа повелба плени со својата идеја за заштита на јазиците како дел од културното наследство на Европа, со својата прецизност и со отвореноста за различни решенија зависно од конкретните состојби во одредена држава.

Посебно ми се допаѓа тоа што не е врзана со проценти и бројки туку со она што значи традиционална употреба на јазиците на одредена територија. Меѓутоа, и покрај тоа што Македонија ја потпиша повелбата (на 25.07.1996), не се реши и да ја ратификува.

И ете – Законот е изгласан.

И во него стои определбата: “јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“.

Во моментот кога во закон ќе бидат ставени бројки, тие мора и да се почитуваат.

За да се почитуваат мора да се знае точно дали е навистина достигнат бараниот процент.

За да се знае дали е навистина достигнат бараниот процент мора да се знае колкаво е точно населението во Република Македонија и дали има етничка/јазична заедница која го исполнува бараниот услов.

Ова не може да се базира на претпоставки (бидејки е суштински елемент на Законот), туку мора да се измери.

Со оглед на тоа дека во Македонија не е направен попис од 2002 година, во моментов нема релевантни податоци за тоа дали некоја од јазичните малцински заедници го исполнува условот предвиден во Законот.

Тоа значи дека Законот не смее да се употребува се додека не биде направен попис.

Така е тоа кога во закон ќе ставиш прецизни бројки. Мораш до нив и да се држиш. Се друго ќе биде политички волунтаризам и спротивно на одредбите на Законот“, пишува Најчевска на нејзиниот блог.

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката