25 Ноември, 2024
0.0417

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

Објавено во: Македонија 20 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска на Фејсбук пишува дека партиите се наддаваат кој повеќе ќе ги зголеми пензиите на пензионерите. 

Вели дека тоа се случува пред сите избори и дека проблемот е посложен од лицитирање со бројки. 

И со тоа се исцрпува нивното разбирање за достоинствен живот на повозрасните граѓани. Проблемот е многу посложен и бара многу поголемо разбирање и посветеност од едноставно лицитирање со бројки. Не е етничката туку дискриминацијата врз основа на возраст е најраширена и најмалку перципирана дискриминација.


1. Населението старее. Не само заради тоа што се раѓаат помалку деца, туку заради тоа што се живее подолго. Заради тоа треба да се менуваат проекциите на економијата, здравството, социјалата, ...

2. Стареењето не е само опаѓање, пасивност и ранливост

Стареењето може да биде здраво, исполнето, продуктивно

3. Постарите луѓе се искусни, и имаат потенцијал да бидат активен чинител во општетсвото и да придонесуваат во општеството

4. Ова прашање на еднаквост, и треба да зборуваме за надминување на специфичните пречки/бариери со кои судираат старите а не само за поголеми или помали пензии.

5. Треба да зборуваме за:

• Достапност на сите институции, информации, потреби, места за живеење и снабдување

• Можност за работа

• Минимална гарантирана пензија/приход поврзан со возраста (солидарност која ќе го адресира проблемот на невработеност за време на работниот век, земјоделци, самовработени, кои се грижеле за семејството)

• Долготрајна грижа и поддршка

• Останувањето дома во старост

• Градови и заедници кои се погодни за возрасни и подигање на дигиталната писменост на постарите луѓе“, пишува Најчевска. 

Пензионерите сочинуваат големо гласачко тело во земјава. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации

ФИЛИПЧЕ: Избравме луѓе коишто се почитувани во општинските организации