НАЈЧЕВСКА: Тие што се уплашија од пратениците во скафандери се истите што не излегоа од кафеаните и измислуваат начини Собранието да не функционира
Објавено во: Македонија 19 Април, 2021
Професорката Мирјана Најчевска утрово преку фејсбук излезе со остра реакција, за, како што вели, „оние што се уплашија дека ќе се заразатр од пратениците, а се прават Собранието да не профункционира“.
Го пренесуваме ставот на професорката Најчевска.
„Овие што се уплашија дека ќе се заразат од пратениците кои дојдоа да гласаат во скафандри се истите оние кои си се гушкаат по штабови, и се муваат по улици на протести и не излегоа од кафаните, и, лижат лажичиња по цркви, и слават родендени, и се туткаат низ самопослугите и ...?
Тоа се истите тие кои не дозволија ни да се размислува за електронско Собрание и гласање?
Оние кои измислуваат начини Собранието да не функционира?
Оние кои поднесуваат илјадници амандмани кои немаат ни основа ни смисла, ама им личат на нешто што треба да го прават?
Која срамота бре и која мизерија да присилите болни луѓе да доаѓаат за да може да се одвива работата на Собранието. Па уште да се фрлате у неола и да мафтате со закони и Устав и као нешто ептен сте биле загрижени за здравјето.
Неписмена багра“, е пораката која ја напиша професорката Најчевска.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.