06 Декември, 2025
0.0308

Најчудните сообраќајни закони ширум светот

Објавено во: Стил 07 Јули, 2014 17:56

Добивај вести на Viber

Чудни правила и сообраќајни закони има во сите земји. Некои едноставно, се застарени, некои се донесени поради конкретен настан, а некои никогаш немале смисла.

САД апсолутно се шампиони, но и други земји можат да се фатат за рака со нив. Така на Алјаска е забрането да се вози со куче заврзано за багашник.

Дека во ладните предели имаат обичај да донесуваат чудни закони доказ е кандаскиот град Монтреал, каде не смеете да го блокирате коловозниот пристап. Се би било во ред освен фактот дека ќе бидете казнети доколку го блокирате влезот во сопствениот двор.

Во Калифорнија е забрането да се спие на патот, а не е дозволено и да се пука во животните од автомобил. Исклучок се китовите!

Во американската држава Пенсилванија во руралните средини во текот на темница возачот мора да го запре возилото, да запали сигнален одблесок и да чека 10 минути добитокот да се тргне од патот, а целата постапка мора да се повторува на секои 1,6 километри.

Со врзани очи не смеете да возите во Албанија, но дозволено е да возите во спротивен правец на едносмерна улица доколку имате прикачено фенер.

Застарени закони кои не се почитуваат, но и понатаму важат. За надминување на ограничувањето на брзината во градот од 11 км/ч возачот оди во затвор на три дена.

Пред да го вклучат моторот на автомобилот, Днаците задолжително треба да погледнат под автомобилот. Иако е чудно, причината може да биде разбирлива. Би можело да се случи под автомобилот да има дете кое игра жмурка.

Во Луксембург сите автомобили мораат да имаат брисачи. Дури и оние теренските стакла кои немаат шофершајбна како кабриолетот.

Французите во автомобилот мора да имаат алкотестер, еднократен и повеќекратен, а исклучок се возилата кои имаат вградена блокада за возачи во алкохолизирана состојба.

Ако останете без гориво во резервоарот во Германија, ви следува „сочна“ казна. Забрането е да се водат животни на поводник додека седите во автомобил, а освен за кучиња правилото важи и за коњи, крави и други животни.

Во недела во Швајцарија не смее да се перат автомобили. Иако звучи чудно, на Швајцарците им е многу важен неделниот мир, па во тој ден се забранети бучните активности.

Естонците секогаш во колите мора да имаат завртки за подметнување под тркалата. И тоа задолжително дрвени!

Во Кипар забрането е да се јаде и пие додека се вози. Не смее ни вода да се пие. Ако сакате да се освежите, мора да застенете на страна и да го изгасите моторот.

Бизарен закон е еден сингапурски по кој возилата не смеат да пријдат помалку од 50 метри од пешакот кој се обидува да ја премине улицата на пешачки. Апсолутно неизводливо, но законот и понатаму е во употреба.

Во Јапонија ако го испрскате пешакот на тротоар додека летате пред него во својот автомобил ќе бидете казнети со 50 евра.

Во Австралија строго забрането е да се оставаат клучевите во возило.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: