19 Мај, 2024
0.0298

Најдобрите канадски бизнис практики и професионално усовршување во фокусот на Студиската Тура на Македонија2025

Објавено во: Мои пари 16 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Во организација на Македонија2025 во периодот од 29 јуни до 10 јули се одржа третата по ред студиската тура во Торонто, Канада.

Група македонски извршни директори, менаџери и претставници на бизнис секторот, предводени од Македонија2025, остварија значајни работни посети во околу 15 канадски компании. Посетите беа организирани во насока на стекнување нови искуства и знаења, остварување нови контакти како и можности за идна соработка.

На учесниците во студиската тура, им беа претставени многу новини во водењето бизнис во Канада, како имплементирање на проекти за опслужување на клиенти, алтернативни финансиски инструменти и иновативни ИКТ решенија и софтвери.

Поголемиот дел од претставниците на компаниите кои беа посетени се успешни професионалци од македонската дијаспора и искажаа голем интерес за соработка со Македонија. Исто така беа посетени и канадски компании, како на пример  Ronald Chisholm од прехрамбената иднустрија, која веќе соработува со македонски компании.

Покрај Ronald Chisholm, беа посетени и следниве компании: Service Works Group, Honeywell, St. Joseph’s Hospital, CSA Group, Deloitte Canada, Go Transit, Conundrum Capital, Cross Link Bridge, Telus, Purpose Investments, Richard Ivey School of Business, Gibraltar Company и други.

Во текот на студиската тура, учесниците исто така имаа можност да ја посетат извршната програма за водење одржлива стратегиска промена во бизнисот на Школата за Бизнис, Шулих дел од Јорк Универзитетот во Канада. Целта на оваа програма е да се осмисли и промени стратегијата на водење бизнис во една компанија.

Целата студиска тура беше одлично искуство. Компаниските посети беа беспрекорно организирани. Слушнавме многу успешни приказни, искуства и се стекнавме со знаења за една нова бизнис култура, што ќе претставува добар почеток за влез на нови пазари.“- изјави Павле Грнаров, извршен директор на Завар Компани, Скопје, кој беше еден од учесниците.

Во истиот период се одржа и традиционалната средба со дијаспората чиј домаќин беше Џон Битов Помладиот, ко-основач и член на одборот на директори на Македонија2025.

На настанот присуствуваа над 60 гости меѓу кои и успешни претставници од бизнис сферата на Канада со македонско потекло.

Македонија2025 верува дека искуствата стекнати во овие две недели ќе им помогнат на учесниците во понатамошната работа одржувањето контакти со нашата дијаспора, како и дека новите знаења ќе бидат применети во водењето бизнис и пласман на конкурентни македонски производи во светот.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО