26 Април, 2024
0.0298

Најголем предизвик беше борбата со ракот и здравјето на синот: Данела Арсовска, кандидат за градоначалник на Град Скопје

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Ја започнавте кампањата за градоначалник за Скопје како независен кандидат со поддршка од најголемата опозициска партија? Бевме сведоци на многу обвинувања на ваша сметка. Со оглед на тоа што за првпат влегувате во ваков тип на трка, дали сте подготвени за ваков тип на реторика, со оглед на тоа што доаѓате од сектор каде што сликата е сосема поинаква?

- Знаеме каква е сликата во политиката во нашата земја и верувам на никој не му се допаѓа тоа што се случува. Тоа е и една од причините поради кои се кандидирам за градоначалник на Скопје - сакам како човек да покажам дека може да е поинаку. Без политички борби, без политички игри, без политичка реторика - како независен градоначалник и некој кој ќе работи за сите скопјани, сакам да постигнам  решенија и видливи подобрувања, во корист на градот и граѓаните, а не на поединец или партија. На Скопје не му треба градоначалник кој ќе ги гледа градот и скопјани како обврска и товар, туку градоначалник кој ќе им служи на луѓето. Доволно со нашиот град се управуваше без грижа - сите можеме да се согласиме дека живееме во нечист град, кој во текот на зимските месеци е еден од најзагадените градови во светот. Можеме да се согласиме, дека инфраструктурата не е само застарена, туку на места и нефункционална. Не опкружува сообраќаен метеж, немаме јавен превоз каков што знаеме дека има другите европски градови со оваа големина, а пак проблемите со водоводната мрежа, ги оставаат граѓаните без водоснабдување во делови од градот скоро секоја недела. Не можеме да ги отвориме весниците без да прочитаме најава, кое соседство нема да има струја или вода следниот ден - и сето тоа во Скопје во 21 век. Ова е вистината и граѓаните го знаат ова. Со лажни вести, погрешни обвинувања, па дури и лични закани, дел од актуелната власт се обидува да го одвлече вниманието од оваа вистина и да ги спречат независните кандидати да постигнат успех. Тоа е бидејќи знаат дека нивното време заврши. Немам намера да се впуштам во нивните валкани игри, бидејќи тоа е нивно поле, а на сите нас граѓаните ни е преку глава од политикантство, навреди и закани.  Одлучив да работам за Скопје и за сите скопјани, да овозможам вистински решенија за модерно и достојно Скопје со кое ќе се гордееме.

* Која е Данела Арсовска приватно? 

- Мајка, сопруга, ќерка, сестра. Моите пријатели велат сум човек на кој можат да се потпрат, човек што кога нешто ќе вети тоа го исполнува. Упорна сум и откажувањето не е опција за мене, ниту во работата ниту во приватниот живот. Живеам за предизвици. Не сакам да слушам изговори и не давам изговори дека нешто не може да се направи, сакам работите да се завршат. Пред се сум семејна личност - мојот син и мојот сопруг се мојата среќа, мојот дом и мојата поддршка. Сме поминале и добри денови но и тешки времиња во борба за добро здравје и во борба за живот, а тоа нè прави уште посилни. Велат дека сум борец. А јас велам, во животот секој се соочува со свои битки што треба да се добијат.

* Велат дека човекот што поминал низ многу предизвици е силен во карактерот. Малкумина знаат дека вашиот најголем предизвик се борбата со ракот и здравјето на вашиот син... 

- Да, тоа беа многу тешки години за мене и моето семејство. Борбата со тешка болест, а едновремено борбата која ја имавме за животот на нашиот син. Ништо не ме формираше повеќе како личност како тој период. Велат дека секоја битка нè прави посилни. Пораснав не само како мајка, туку и како личност. Во тие моменти еден збор не е дозволен – откажување. Мора да размислувате прецизно и да се надминат емоциите за да се донесат одлуки кои значат живот. По се што помина, емоциите се дозволени и тие се присутни постојано. Борба за својот живот и за животот на своето дете во еден момент се премногу голем товар, но сега велам ако не изгубив во таа борба, нема никогаш да изгубам. Научив да се борам и научив дека се е можно ако се борите и никогаш не се откажете. 


Целото интервју на Женски магазин. 

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката