17 Мај, 2024
0.0266

Најинспиративните локации, на кои може да си кажете: „Среќна нова година“

Објавено во: Стил 31 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Нова Година веќе ни тропа на вратата и позитивното расположение владее насекаде - или барем речиси во сите. Се подготвуваме за празникот, но каде би било најдобро да го поминеме - ви нудиме листа на необични и инспиративни места, каде што можете да си кажеме "Среќна Нова година".

1. Мечтајте под северен сјај Лапланд или Исланд за романтична вечер под величествените бои на северните сјаеви кои се чести во овој период на годината. Тоа е исто повод да откриете нови активности за време на вашиот престој како прошетка со санка, влечена од кучиња.

2. Бакнете се под огномет во Њујорк

Секоја година Големото јаболко „врие“ за пречекот на новата година. Се организираат бројни манифестации, вклучувајќи ги оние на Тајмс сквер и во Централ Парк. Најмногу досетливите можат да зафатат позиција на покривот на некоја од отворените  згради.

3. Оживејте во ликот на принцезата во Виена

Заминете за еден од најубавите градови во Европа на подолг викенд и учествувајте во Големиот императорски бал, организиран секоја година во палатата "Хофбург". Најголемиот дворец во Виена, кој бил зимската резиденција на Хабсбурговците, каде има танчери од целиот свет за една магична вечер.

4. Одмарајте на рајска плажа во Тајланд

За Нова Година далеку од метежот на градот насоката е Јао Јаи. Малиот остров има најмалку десет хотели сред природата. Ако тоа е премногу мирно за вас, секогаш можете да се вклучите во забавата на полна месечина во одморалиштето на Фа Нган.

5. Скокајте со падобран во Флорида Секоја година во Флорида центарот за падобран организира за најхрабрите скок во моментов на преминот во новата година. Полетајте во 2015 година и се приземјете се во 2016!

6. Славете со туарегите Загарантирана изолација и осаменост за крајот на годината во прекрасниот амбиент под ѕвездите на мароканската пустина околу камперски оган.

7. Танцувајте под земја во Ариеж Подземно искуство што нема да го заборавите. Пештерата Ломбрив организира неколку години танчарска вечер на неколку метри под земја. Гарантира празнична гозба и амбиент.

8. Уживајте во убавината на Санкт Петербург Магијата на палатите, шармот на снегот, кој го покрива нежно "бисерот на Балтикот" е една од работите кои се гледаат еднаш во животот. Поранешниот главен град на империјална Русија се подготвува секоја година за најдобар можен пречек на новата година. Церемонијата е безбедна.

9. Поздравете ја Нова Година пред сите останати во Нов Зеланд Ако немате трпение да го прослават преминот во 2015 година, изберете го Нов Зеланд, кој ќе биде една од првите земји кои ја пречекале новата година. По вечерта во Оукланд може да тргнете на патување меѓу бескрајните пејзажи на новозеландските острови.

10. Бегство со легендарниот транссибирски експрес Искачете се на 31 декември на патување од над 7500 километри и доживејте ја руската Нова Година пред да уживате на сибирски, монголските и кинеските пејзажи.