Најнова статистика: 128 оздравени пациенти, 7 починати и 165 новозаразени
Објавено во: Македонија 03 Јули, 2020
165 новозаразени во последните 24 часа и 7 починати пациенти е најновата статистика што ја соопшти Министерството за здравство.
Направени се
вкупно 1454 тестирања, а нови
регистрирани има во градовите: Скопје-71, Куманово-15, Дебар-1, Штип-10,
Прилеп-5, Тетово-20, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-10, Гостивар-14,
Пробиштип -4, Македонски Брод-1, Кичево-2, Ресен-5.
Починати се 7 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, еден пациент
од Струга, еден од Кочани и еден пациент од Неготино. На Клиниката за
инфективни болести и фебрилни состојби починат е пациент (55г). Во ГОБ „8
септември“ починати се двајца пациенти (68г) и (63г). Во болницата во Кавадарци
почина пациент од Неготино (56г), во болницата во Кочани пациент (56г).
Во Куманово се починати двајца пациенти на возраст 71г и 79г.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 128 оздравени
пациенти од: Скопје-97, Штип-11, Тетово-3, Велес-2, Битола-2, Струмица-1,
Ресен-11, Неготино-1.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на
епидемијата изнесува 6787, бројката на оздравени пациенти е 2876, на починати е
328, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3583.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3
пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка
се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на
ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 130
пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се
хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид,
Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти - позитивни и
сомнителни на ковид-19.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.