Добивај вести на Viber
Вип оператор ексклузивно го донесе во Македонија најновиот супер паметен телефон на LG, моделот LG G2. Супер паметниот телефон LG G2 е биде достапен во салоните на Вип и тоа по цена од 7499 денари во Вип постпејд.
Супер паметниот телефон LG G2 е првиот модел на оваа компанија во рамките на новата премиум G серија. Се работи за телефон чија технологија и дизајн произлегуваат од потребите на корисниците и нивните навики, што се добиени преку детални истражувања на пазарот.
Овој модел на LG нуди целосно нов и напреден анатомски дизајн, но тоа што дополнително го прави ексклузивен овој телефон се неговите напредни опции. LG G2 е првиот паметен телефон кој има функционални опции на задната страна на телефонот, со што на корисниците им се овозможува дополнителна контрола при изборот на функции, а истовремено на овој начин се намалува ризикот за пад на телефонот при разговор.
„Ексклузивно за нашите корисници, Вип оператор повторно прв на Македонскиот пазар го носи најновиот LG G2, неверојатен паметен телефон кој веќе се докажа како хит на поголемите светски пазари. Ова е само уште еден доказ дека покрај одличните цени и услуги, како и супериорното корисничко искуство, им ја нудиме можноста на нашите корисници да бидат првите во Македонија кои ќе уживаат во најновите технолошки достигнувања во мобилните комуникации“, изјави Џакомо Тоњони , главен маркетинг директор на Вип оператор.
Компанијата LG Electronics преку овој модел на супер паметен телефон го претстави и најновиот Full HD екран со дијагонала од 5,2 инчи.
LG G2 супер паметниот телефон има камера од 13 мега пиксели со одлични перформанси и поседува оптички стабилизатор на сликата со што се избегнува заматувањето на сликата при фотографирање, како и стабилен фокус при фотографирање, како кај дигиталните фотоапарати.
LG G2 има Аudio Zoom кој е навистина одлична функција за сите оние кои бараат звук до перфекција. Со LG G2 корисниците имаат можност да го подобрат самиот квалитет на аудио записот, преку т.н. „зумирање“ на одреден објект или на звукот кој доаѓа од тој објект, кој на тој начин доаѓа во преден план.
Дополнително корисниците можат едноставно само да „чукнат“ и телефонот да се разбуди. LG G2 ги препознава движењата на корисникот и е подготвен за користење со едноставно притискање два пати на екранот, благодарение на т.н Knock On можност.
Повеќе информации корисниците може да добијат на телефонскиот број на контакт центарот 077 1234 или на
www.vip.mk или на
www.lge.com