Најосамениот знак во Зодијакот: Тешко и ретко се вљубува
Објавено во: Општо 15 Септември, 2016 20:54
Според астролозите, еден хороскопски знаци се издвојува од преостанатите бидејќи има толку многу критериуми, па најчесто е осуден на самотија. Тоа е жената родена во хороскопскиот знак Јарец.
Нејзиниот однос кон животот е реален. Таа ја сака постојаноста, а ги цени само оние луѓе што поседуваат одредени вредности во согласност со нејзините сфаќања. Не сака да губи време на несериозни и незначајни ситуации во животот.
Таа ги презира бесмислените разговори. Многу добро знае да донесе точна проценка и е одличен организатор. Во работата, како и во животот, не сака по секоја цена да го привлече туѓото внимание. Работи дискретно и вредно како пчела. Самотијата е нејзиното засолниште. Таа самата одлучува да живее на страна. Не би можело да се каже дека е голем оптимист, бидејќи таа го сфаќа животот премногу сериозно.
Не очекува дека партнерот ќе ѝ донесе многу среќа и не верува во чуда. Кога ќе добие некакво задоволство, не го сфаќа тоа како обврска дека треба да возврати на истиот начин, туку како подарок. Не дозволува да биде лесно освоена. Кај неа љубовта не може да се појави како гром од ведро небо.
Жената Јарец ретко доживува голема љубов. Кога ќе се вљуби или подобро кажано кога ќе одлучи да го признае тоа, тоа обично се случува по долго познанство со некој маж. Кај неа љубовта се раѓа бавно и ретко.
Кога ќе одлучи да се врзе за некого, тоа е за цел живот. Ниту времето, ниту разделбите не можат да ја уништат нејзината љубов. Но, нејзиниот партнер мора да покаже максимално трпение.
Поради овие причини голема е веројатноста припадничките на овој знак да останат немажени до крајот на животот. Оние кои се мажат, тоа го прават во зрелите години предводени повеќе од разумот отколку од занесот на срцето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





