Добивај вести на Viber
Во ноември 2012 најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во споредба со истиот месец од 2011 година, е забележан кај компирите, гравот, кромидот и лимоните, соопшти Државниот завод за статистика. Со многу намалена цена се продаваатј бабурите, лукот, спанаќот и краставиците. Додека најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во ноември 2012, во споредба со истиот месец од 2011 година, е забележано кај компирите, гравот, кромидот и морковот. Најголемо намалување е забележано кај зелените пиперки, краставиците и зелката.