21 Мај, 2024
0.0297

Најскапите и најевтините летувалишта во Европа

Објавено во: Стил 25 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Најповолните одморалишта во Европа оваа година се Коста дел Сол и Бугарија, додека Италија и Франција се најскапи.

Патниците се предупредени дека некои работи типични за одмор, како креми за сончање и спрејови против инсекти, во некои одморалишта чинат дури и 80 одсто повеќе.

Оние кои се одлучат да јадат во ресторани, ќе забележат дека цените на најпопуларните одморалишта паднале и за 46 одсто. Тоа е случај со Соренто во Италија и Пореч во Хрватска наведува „Дејли маил“.

Цените пораснале на Мајорка, која моментално е едно од најскапите места во Европа на кои можете да јадете.

До такви резултати дошло до истражување на британскиот „Post Office Travel Money“, кој ги истражил цените на типичните во најпопулларните одморалишта типични за туристи.

Истражувањето ја опфатило и цената на оброк за семејство со предјадење и десерт, додатоци за плажа, сокови и алкохолни пијачки.

Најповолно е во Сончев брег во Бугарија каде трошокот за наведените работи инесува 84 евра.

Следно најповолно одморалиште е Коста дел Сол, каде споменатите работи чинат 101 евро, а следи Крит со 110 евра.

И покрај падот на цената за оброк, Соренто е едно од најскапите одморалишта,каде летните додатоци чинат во просек 180 евра. Поскапа е само Ница во Франција -187 евра.

Кантичка и лопатка за играње во песок чинат само две евра на Крит, но во Ница за нив мора да одвоите 10 евра. Порција помфрит на Сончев брег чини 80 центи а во Ница повеќе од четири евра.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“