06 Декември, 2025
0.3042

Најслатка работа на светот - Фереро примамува работници со интересен оглас

Објавено во: Стил 28 Јули, 2018 11:00

Добивај вести на Viber

Италијанскиот произведувач на слатки „Фереро“ ја нуди најслатката работа на светот, бидејќи бара дегустатори.

 „Фереро“ објави оглас во кој бара 90 дегустатори кои ќе тестираат какао, лешници, и слични сирови производи за производство на чоколада.

Компанијата на заинтересираните им нуди договор на половина работно време. Имено, работата предвидува два работни часа неделно во седиштето на компанијата во Алба. За добивање на работа не е потребно да имате претходно искуство, туку е важно кандидатите да немаат никакви алергии на храна.

Избраните кандидати се обврзуваат дека од 30 септември ќе посетуваат тримесечен курс, на крајот на кој само 40 лица ќе бидат избрани како дегустатори. Тие ќе бидат поделени во две групи, најавува „Фереро“.

Досега, „Фереро“ секогаш користел интерна работна сила, односно вработени за тестирање на своите производи. Овој пат компанијата сака да ги запраша потрошувачите, без никакви сознанија за состојките на производите.

Покрај „Нутела“ Фереро произведува и пралини. Компанијата има годишен обрат од 10,5 милијарди евра и вработува 30 300 луѓе, а ширум светот има 91 ќерка фирми и 23 производствени капацитети, и е присутна во 170 земји ширум светот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: