НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ИМА ВО СЕКТОРОТ ИНФОРМАЦИИ И КОМУНИКАЦИИ: просечната плата во септември благо над 45 илјади денари
Објавено во: Финансии 21 Ноември, 2025 12:29
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2025 година, изнесува 45.466 денари, објави Државниот завод за статистика.
- Во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,3 отсто.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 проценти, Дејности на здравствена и социјална заштита за 12,6 отсто и Транспорт и складирање за 11,5 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Преработувачка индустрија за 3,5 отсто, Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 1,8 проценти и Рударство и вадење на камен за 1,1 отсто - посочуваат во соопштението од ДЗС.
Нивните податоци откриваат дека највисоки плати имаат вработените во секторот Инфорамции и комуникации, каде примањата надминуваат 82 илјади денари.
Меѓу повисоките плати имаат и вработените во секторот финансиски дејнсоти каде платите благо надминуваат 61 илјади денари. На трето место се вработените во сектрото рударство и вадење на каметн каде просечната плата за малку не достигнува 58 илјади денари.

Инаку во август просечната плата достигна 45.310 денари, а податоци откриваат дека од месец во месец имаме стагнација на платите, па дури и намалување, ако се погледне платата во мај, кога просечната нето плата достигнала 45.796 денари и била највисока во текот на оваа година.
Бројките откриваат дека низ годината има подеми и падови кај платите, но остануваат на ниво од 45 илјади денари.
Еве колку била просечната исплатена нето плата за секој месец посебно, според податоци од ДЗС:
Во август 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.310 денари
Во јули 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.276 денари
Во јуни 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.468 денари
Во мај 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.796 денари
Во април 2025 година просечната месечна нето-плата - 45.452 денари
Во март 2025 година просечната месечна нето-плата - 44.763 денари.
П.О.Можеби ќе ве интересира
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска
„Тука луѓето откопуваат злато“: На 2 часа од Скопје пронајдена населба постара од онаа на Инките и Маите
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Еве каде да ги најдете најдобрите половни автомобили во Европа: Возачите возат помалку километри и ги чуваат подолго
РАБОТА ОД СОНИШТАТА ВО ГЕРМАНИЈА: Плата до 90.000 евра, повеќе од 60 дена одмор - еве како да ја добиете




