НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2024
Државниот завод за статистика (ДЗС) деновиве објави дека просечната нето-плата во септември изнесувала 41.585 денари.
Податоците на ДЗС покажуваат дека нема промени во делот на највисоката просечна
нето-плата. Неа ја земаат во секторот Компјутерско програмирање, консултантски
и сродни дејности и изнесува 96.455 денари, а потоа следи Воздухопловен транспорт – 63.527
денари, па Научно истражување и развој – 62.743 денари, Производство на основни
фармацевски производи и фармацевски препрати – 60.632 денари и Останати стручни,
научни и технички дејности – 59.202 денари.
Просечната нето плата во септември е зголемена за 9,8 отсто во споредба со истиот месец лани.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.