03 Мај, 2024
0.0272

Намалена невработеност и најбарани работни позиции според Агенција за вработување

Објавено во: Економија 04 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во Макеоднија моментално има 7.145 слободни работни места објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување.

Дел од огласените работни позиции се: специјалисти за човечки ресурси, молери, продавачи, раководители на производство, специјалисти, комерацијалисти, возачи, обезбедувачи на лица и имот, електромонтери, бравари, општи амдинистратори, директори, дистрибутери, службеници за организирање патувања итн.

Според статистичките податоци во првиот квартал од годинава стапката на слободни работни места изнесувала 1,68 отсто, а најголем број слободни работни места, 2.929, биле во групата „Работници во услужни дејности и продажба“.

Според анкетата на работна сила, покрај услужниот, и индустрискиот и градежниот се сектори со најголем раст на вработеноста во првиот квартал од годинава. Стапката  на  вработеност во првиот квартал изнесува 44,6 проценти и во однос на истиот период лани е повисока за 0,9 процентни поени.

Бројот на вработени лица  е повисок за  2,2 процента, односно за околу 16 илјади лица во однос на истиот квартал минатата година, при што најголем раст на вработеноста има во индустрискиот сектор (8,7 илјади или 5,2 проценти), по кој следуваат градежниот (4,8  илјади или 9,4 проценти) и услужниот сектор (2,7 илјади или 0,7 проценти).

Гледано според економскиот статус, кај сите категории има раст на вработеноста, освен кај семејните работници. Така, бројот на вработени лица е зголемен за 13,5 илјади или 2,4 проценти, а бројот на работодавачи за 3,2 илјади или 9,4 провценти

Растот на вработеноста е придружен со пад на бројот на невработени, којшто е намален за приближно 12 илјади лица, односно 5,4 проценти на годишна основа. Таквите движења на пазарот на трудот предизвикале стапката на невработеност во првиот квартал годинава  да се намали на 21,6 проценти, односно за 1,3 процентни поени споредено со истиот квартал во 2017 година.

Додека според старосната граница, невработеноста е намалена кај сите групи, при што најзначајно намалување има кај централната возрасна група од 25 до 49 години, а која изнесува 21 процент. Бројот на активното население е зголемен за четири илјади  лица, односно за 0,4 проценти на годишна основа.

Активното население во првиот квартал 2018 година претставува 56,9 проценти од вкупното работоспособно население и е повисоко за 0,2 процентни поена споредено со истиот квартал лани. Додека пак, Просечната месечна нето-плата по вработен, во мај годинава изнесува 24.509 денари..

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски