Добивај вести на Viber
Цената на алкохолните пијалаци ќе се зголеми за најмалку 10 проценти и со тоа автоматски ќе се намали прометот на угостителите. Во дискотеките, баровите и рестораните ова лето ќе има помалку посетители.
Од Туристичката угостителска комора велат дека новите повисоки цени драстично ке ја намалат продажбата, бидејќи и онака тие се на рекордно високо ниво. Угостителските услуги по новите поскапувања на цените на алкохолните пијалаци и на цигарите ќе бидат недостапни за граѓаните, предизвикани од нискиот животен стандард во кој се наоѓа нашата држава.
Меѓутоа министерот за финансии Зоран Ставревски тоа го правда како усогласеност на дел од акцизите со директивите на Европската Унија. Тој изјави дека ќе има усогласување на дел од акцизите со она што се директиви во Европската Унија. Но со оглед на тоа што стандардот во Македонија не дозволува целосна хармонизација, односно тоа би значело зголемување на акцизите, затоа одиме постапно динамично и се со цел да има помало оптоварување за тие категории.